„Паризиен“ пренесува дека ПСЖ ставил трансфер листа дури 11 играчи чија вкупна вредност е 161 милион евра.
Новиот тренер Кристоф Галтие му пренесол на раководството дека нема да смета на нив во новата сезона, а клубот се обидува да ги продаде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На списокот се Мауро Икарди (проценета вредност од 22 милиони евра), Јулијан Дракслер (18 милиони), Лаивин Курзава (5 милиони), Абду Диало (18 милиони), Тило Керер (22 милиони), Леандро Паредес (17 милиони), Идриса Гај (12 милиони), Андер Ерера (10 милиони), Џорџино Вајналдум (18 милиони), Јуниор Дина Ебимбе (5 милиони) и Данило Переира (14 милиони).
Проблем е фактот што не сите играчи се подготвени да си заминат од ПСЖ, што не е чудно ако се земат предвид високите плати кои ги имаат во Париз.
Весникот додава дека иако на списокот го нема Нејмар и Кимпембе, сепак клубот е спремен да слушне понуди ако пристигнат за двајцата.
Revue de presse : Mercato – l’équipe des 11 indésirables, Katoto prête pour l’Euro féminin via @OneFootball. Lis l'article complet ici:https://t.co/8IClNQvO7V
— ACTU_PSG_INSIDE.OFFICIEL (@ACTU_PSG_INSIDE) July 10, 2022