Дома Трансфер зона ПСЖ понуди 70 милиони за ѕвездата на Милан

ПСЖ понуди 70 милиони за ѕвездата на Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ покажува сериозен интерес за младиот напаѓач на Милан, Рафаел Леао.

22-годишниот Португалец пристигна на Сан Сиро пред две години, а оваа сезона буквално „експлодира“ и се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


ПСЖ бара замена за Ди Марија, кој заминува на крајот на сезоната и верува дека Леао иделано би се вклопил во тимот.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека „светците“ испратиле понуда од 70 милиони евра за потписот на Португалецот.

Меѓутоа, Милан експресно ја одбил понудата и започнал преговори со Леао за нов договор, а и самиот фудбалер преферира да остане во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…