Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ нема да смета повеќе на Мауро Икарди и го ставиле на продажба Аргентинецот.
Икарди не добива голема минутажа. Многумина веруваа дека работите ќе се променат со доаѓањето на Покетино, но наводно новиот тренер нема да смета на Икарди и веќе му порачал дека може да си бара нов клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Икарди интерес покажуваат неколку клубови од Серија А, а и самиот не крие дека сака да се врати во Италија.
Милан и Јувентус се главни кандидати за неговиот потпис. Двата италијански гиганти се во потрага по напаѓач за следната сезона.
Меѓутоа, проблем може да биде високата плата, бидејќи Икарди во Париз заработува 10 милиони евра по сезона, па ќе треба да прифати намалување ако сака да се врати во Серија А.