Главна трансфер цел на ПСЖ ова лето ќе биде дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар.
Новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос пред неколку дена беше во Милано и започна првични преговори за трансфер на Скриниар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и се спремни да продадат најмалку една своја ѕвезда, а најверојатно тоа ќе биде Скриниар.
Првата понуда од 50 милиони евра експресно беше одбиена, бидејќи Интер за слободата на дефанзивецот бара 70 милиони евра.
ПСЖ сега испрати нова понуда од 60 милиони евра плус бонуси и двата клуба се блиску до договор.
Според информациите дефанзивецот веќе се договорил со „светците“ за петгодишна соработка и плата од 7,5 милиони евра по сезона.
Talks in progress for Milan #Skriniar to #PSG from #Inter. Expected a direct talks in the next hours to try to close the deal. #Paris have offered €60M to sign the centre-back. For the player ready a salary by €7,5M/year + add-ons as anticipated. #transfers https://t.co/2fLumQziJz
— Nicolò Schira (@NicoSchira) June 21, 2022