Дома Фудбал Останато ПСЖ излезе со официјално соопштение за повредата на Нејмар – можна е нова операција!

ПСЖ излезе со официјално соопштение за повредата на Нејмар – можна е нова операција!

Изминатата вечер ПСЖ го победи Стразбур со 2:0 во францускиот куп, сепак победата остана во сенка на повредата на Нејмар.

Нејмар поради незгодното стапнување се пожали на силни болки и со солзи во очите се упати кон соблекувалната.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Неговиот тим сега се огласи со официјално соопштение за повредата, а она поради што најмногу се стравува е што пределот кој сега го повреди Нејмар е истиот на кој му беше извршен хируршки зафат, односно метатарзалната коска.

„После направените прегледи откриена е повреда во петтата метатарзална коска на десната нога. Неговата терапија ќе биде одредена во наредните денови“, стои во соопштението на ПСЖ.

Во ПСЖ не ја исклучуваат можноста да биде потребна нова операција, а во тој случај Нејмар би го пропуштил целиот втор дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѕвездата на ПСЖ си најде нова љубов: Во врска е со позната манекенка?

Мароканската фудбалска ѕвезда Ашраф Хакими и холандската манекенка со марокански и египетс…