ПСЖ покажа моќ на првиот натпревар по корона-паузата и прекинот на првенството.
Францускиот шампион вчера одигра пријателски натпревар против Ле Авр и славеше со огромни 9:0. Овој натпревар се играше пред публика и на трибините присуствуваа околу 5.000 навивачи.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Впечаток беше дека да не се повлечеа ѕвездите од Париз може уште повеќе да ја наполнат мрежата на противникот. Очигледно избраниците на Тухел биле гладни за фудбал.
Икарди во 8 и 19 минута погоди за 2:0, следуваа голови на Нејмар и Мбапе за 4:0. Пред самиот финиш на првите 45 минути ПСЖ доби пенал кој го реализираше Нејмар за 0:5. Во вториот дел Тухел го промени целиот тим за конечни 0:9 погоуваа Сарабија (два пати), Геје и Муинга.