Англија синоќа во финалето на ЕП беше поразена од Шпанија со 2:1, а капитенот на „Гордиот Албион“, Хари Кејн на тој начин пропушти уште една шанса да го освои својот прв трофеј во кариерата.
Ова за него беше шести пораз во исто толку финалиња во кариерата, па веќе почнаа коментарите дека го следи „проклетство“.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Кејн загуби во финалињата во Лига купот (2015, 2021), финалето во Лигата на шампионите (2019), како и двата натпревари за европската титула (2021, 2024) и Суперкупот на Германија (2023).