Ливерпул во наредниот месец ќе биде без услугите на Трент Александер Арнолд.
Дефанзивецот се повреди во текот на второто полувреме во дербито против Манчестер Сити и сигурно ќе ги пропушти наредните три натпревари. Арнолд ќе ги пропушти и натпреварите за репрезентацијата на Англија против Ирска, Белгија и Исланд.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Неговото отсуство сигурно ќе биде проблем за Ливерпул, а самиот Јирген Клоп ја критикуваше одлуката на Премиер лигата да го врати правилото на три измени во текот на натпреварот. Претходно беа дозволени пет измени.
Арнолд оваа сезона во Премиер Лигата има осум настапи во кои запиша една асистенција.