Дома Фудбал Германија Проблем за Борусија: Останаа без Халанд!

Проблем за Борусија: Останаа без Халанд!

Борусија Дортмунд во недела ќе игра против Падерборн, а во овој натпревар „милионерите“ ќе бидат без Ерлинг Халанд.

Тренерот Лусијан Фавре потврди дека Норвежанецот нема да биде во конкуренција за настап поради повредата која ја заработи во натпреварот против Баерн (0:1). Халанд во 72 минута го напушти теренот бидејќи во Борусија не сакаа да ризикуваат.

Но, тука не е крај на проблемите. Фавре соопшти и дека Махмуд Дахуд нема да игра до крајот на сезоната. Колку точно ќе паузира ќе се знае после деталните прегледи.

Дахуд поради проблемите со повредите сезонава во средниот стартуваше само на три натпревари. Играше добро, а Фавре има проблем затоа што Витсел и Чан само што се вратија од повреди.

Ќе потсетиме после поразот минатиот викенд Борусија зад Баерн во првенството заостанува седум бода.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Tрадицијата вели: Реал Мадрид ќе биде шампион!

Реал Мадрид е многу блиску до рекордната 34.титула во Ла Лига откако вчера беше победен Ге…