Дома Фудбал Проблем за Барселона: Повредата на Суарез е потврдена!

Проблем за Барселона: Повредата на Суарез е потврдена!

Барселона на отварањето на сезоната вчера гостуваше на „Сан Мамеш“ и запиша пораз од Атлетик Билбао со резултат 1:0.

Каталонците во самиот финиш на натпреварот ги сруши искусниот Адуриз со спекакуларен гол.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Имено, Луис Суарез беше приморан во 37-та минута да го напушти теренот поради повреда.

Веднаш се претпоставуваше дека во прашање е повреда на листот, а денес од Барселона тоа и го потврдија.

Барселона соопшти дека на прегледите е откриена повреда на листот на десната нога на Суарез.

Клубот од „Ноу Камп“ не го објави датумот на можното враќање на Суарез, но шпанските медиуми веруваат дека Уругваецот ќе отсуствува три или четири недели. Тоа секако се лоши вести за Барселона со оглед дека проблеми со повреда има и Лионел Меси кој го пропушти вчерашниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трагедијата на Тотенхем достигна ново ниво

Можноста Тотенхем да испадне од Премиер лигата станува се пореална. „Спарс“ загубија дирек…