Дома Трансфер зона Пристигна на лекарски прегледи: Колашинац го напушта Арсенал

Пристигна на лекарски прегледи: Колашинац го напушта Арсенал

Сеад Колашинав во наредните шест месеци ќе го носи дресот на екипата на Шалке.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина вчера допатува во Германија. Денес ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише договор со тимот од Гелзенкирхен.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Враќањето во Бундес лигата беше желба на босанскиот фудбалер. Во Арсенал тој беше отпишан од страна на Микел Артета, клубот затоа без поголеми проблеми му дозволи да оди на позајмица и во наредните шест месеци тој ќе игра за последнопласираниот тим во Бундеслигата.

Договорот е Арсенал и Шалке да плаќаат по 50% од неговата плата, а Колашинав на крајот од сезоната ќе се врати во Лондон каде што повторно ќе се разговара за неговата судбина.

Своето фудбалско име Колашинац го изгради во Шалке, дресот на овој тим го носеше од 2012 до 2017 година и одигра 123 натпревари за славниот германски клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…