Дома Топ вести Пример како се работи: Од хрватски третолигаш во Бундеслигата за пет милиони евра!

Пример како се работи: Од хрватски третолигаш во Бундеслигата за пет милиони евра!

Хрватскиот третолигаш Кустошија продолжува да поставува стандарди како треба да се работи.

Минатото лето Кустошија го продаде Микаил Фаје во Барселона, а сега направи уште една одлична зделка испраќајќи го 17-годишниот Дино Клапија во Лајпциг.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Клапија 17-годишен фудбалер роден во САД кој летово дојде во Хрватска од академијата на Њујорк Сити и беше јасно дека станува збор за голем талент. Минатото лето се обидуваше и Динамо Загреб да го доведе, меѓутоа тој изненади избирајќи ја Кустошија.

Само шест месеци подоцна се покажа дека тинејџерот направил одличен потег бидејќи ќе му биде соиграч на Елиф Елмас во еден од најголемите германски клубови.

Од овој трансфер Костушија ќе заработи 5.2 милиони евра, плус 10% од неговата следна продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Полиција го изнесуваше Гачевски од теренот во Тетово 🎥

Teнзично беше денес во натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар во Тетово кој домаќините го до…