Дома Фудбал Италија Приказна како од филм: Мигрантот кој го сруши Интер

Приказна како од филм: Мигрантот кој го сруши Интер

Муса Џувара е тинејџерот на Болоња кој вчера го сруши Интер на „Џузепе Меаца“ и така го остави Интер уште подалеку од Скудетото кое и онака им беше далеку.

Младиот тинејџер кој го урна Интер зад себе има приказна како од филм. Муса на само 14 години без родители тргна во мигрантскиот поход за да стигне до Западна Европа. Во 2016 година малолетниот Муса стапна на Апенините со брод полн со мигаранти кој тргна од неговата земја.

По пристигнувањето во Италија тој бил префрлен во мигрантски камп во близина на Потенца, а многу брзо започнал да го прави и она што најмногу го сака, да тренира фудбал во нисколигашот Виртус Авелинот.

Во овој клуб Муса имал среќа да го сретне Витанотонио Сума кој беше тренер на Виртус. Сума го посинил, станал негов старател и четири години додека стане полнолетен се грижел за неговиот фудбалски пат, но и за се друго во неговиот живот. Според она што се пишува во италијанските медиуми биолошките родители се откажале од Муса.

Џувара набрзо го свртел вниманието на калчолигашите. Сума го препорачал на Киево од каде завршил во младинските категории на Торино. На познатиот италијански Вијареџо куп тој блеснал со три гола на три натпревари.

Тоа било доволно Болоња да го забележи неговиот потенцијал и да го доведе во своите редови. Михајловиќ е познат како тренер кој сака да дава шанса на младите играчи, па така против Интер Џувара доби прилика и покажа што знае.

„Бев убеден дека Муса ќе даде гол и поради тоа го ставив во игра. Тој е навистина одлично момче и го заслужи овој момент“, изјави Михајловиќ за Џувара по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дел Пиеро: Пирло има се што треба да биде подобар од Зидан

Зинедин Зидан во првите две ипол сезони како тренер освои три титули во Лигата на шампиони…