Десниот бек на македонската фудбалска репрезентација и член на хрватскиот шампион Ријека, Стефан Ристовски, кариерата ќе ја продолжи во редовите на португалскиот гигант Спортинг Лисабон.
По многубројните шпекулации кои кружат веќе подолг период, информацијата денеска ја потврди претседателот на Ријека, Дамир Мишковиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Вистина е дека Ристовски е пред заминување, а се ќе биде официјализирано кога ќе се заврши целата документација. Спортинг инсистираше на негов трансфер. Им понудивме дури и парична отштета за да го имаме за двомечот со Олимпијакос, но не сакаа да слушнат за такво нешто“, изјави Мишковиќ.
Македонскиот репрезентативец во Ријека пристигна во 2015 година од редовите на италијанската Латина, по што за краток период стана првотимец, а минатата година со Ријека ја освои двојната круна во Хрватска, освојувајќи го купот и првенството.