Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо изјави дека клубот не е заинтересиран за Пауло Дибала.
Во последните недели се појавија информации за евентуален трансфер на Дибала на „Ванда Метрополитано“, откако Аргентинецот беше виден на вечера заедно со Диего Симеоне.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дибала е фантастичен фудбалер, но не го познавам. Сум го гледал само еднаш – на натпреварот против Реал Мадрид пред неколку дена“, изјави Серезо.
„Симеоне веќе објасни се – случајно се виделе во ресторан, се поздравиле и ништо повеќе“, додаде претседателот на „јорганџиите“.
Шпанските медиуми инсистираат со тврдењето дека Атлетико спрема понуда од 120 милиони евра за Пауло Дибала, во кого гледа идеална замена за Антоан Гризман.
Atletico Madrid, Cerezo: "Simeone rimarrà a lungo. Dybala? Non c'è nulla" – https://t.co/XsiQctnRkP pic.twitter.com/by9tKWvQqY
— ITASportPress (@ItaSportPress) April 6, 2018