Дома Фудбал Претседателот на Атлетико: Гризман имаше голема желба да се врати

Претседателот на Атлетико: Гризман имаше голема желба да се врати

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо изрази задоволство од враќањето на напаѓачот Антоан Гризман на „Ванда Метрополитано“.

Гризман во последниот ден од трансфер пазарот ја напушти Барселона и се врати во Атлетико на позајмица со задолжителен откуп за 40 милиони евра.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Имавме среќа да го вратиме Гризман, иако не го очекувавме тоа, но исто така не очекувавме да замине Саул Нигез. Пред две години тој не напушти на чуден начин, меѓутоа покажа дека има голема желба да се врати во Атлетико“.

„Има фанови на кои тоа не им се допаѓа, а има и такви кои се среќни. Ние сакаме да имаме што е можно посилен состав. Гризман пристигна при исклучителни за нас услови и со тоа покажа дека многу сакаше да се врати“, изјави Серезо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико Мадрид премина во сопственост на Американци!

Шпанскиот Атлетико Мадрид објави дека од следната година мнозинскиот сопственик на клубот …