Дома Трансфер зона Пресудила желбата на Ракитиќ: Откриено колку ќе заработува во Хајдук

Пресудила желбата на Ракитиќ: Откриено колку ќе заработува во Хајдук

Иван Ракитиќ и официјално беше претставен во редовите на Хајдук, а тоа донесе голема еуфорија помеѓу навивачите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со враќањето во Хрватска, Ракитиќ се откажа од големата плата која ја имаше во Ал Шабаб. Според објавените информации во јавноста во саудискиот клуб хрватскиот ветеран заработувал 15 милиони евра по сезона.

Од друга страна хрватските медиуми откриваат дека во Хајдук ќе заработува 600.000 евра годишно, сума со која нема да биде најплатен бидејќи Марко Ливаја добива еден милион евра.

Сепак, парите не биле приоритет за Ракитиќ, негова желба била да се врати во татковината, а покрај тоа во Хајдук ќе игра и со Иван Перишиќ, тука е и Џенаро Гатузо од клупата, додека Калиниќ ја има улогата на спортски директор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…