Дома Трансфер зона Пресврт: Канте и Челзи блиску до договор

Пресврт: Канте и Челзи блиску до договор

Челзи и Канте би можеле да ја продолжат соработката.

Според последните информации преговорите помеѓу двете страни одат во вистинска насока и Канте би можел да потпише нов повеќегодишен договор до 2026 година.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Канте оваа сезона се мачеше со повреди, практично не ни играше, па поради тоа клубот беше поделен околу неговиот нов договор.

Од самиот почеток Канте приоритет го стави останувањето во Челзи, иако се споменуваше дека може да замине во Барселона.

Французинот пристигна во Челзи на барање на Антонио Конте во летото 2016 година за 35 милиони евра, што беше вистински потег. Канте ги освои сите можни трофеи и беше клучен играч на патот до нив.

Иако има 31 година, во Челзи изгледа веруваат дека се уште може многу да придонесе кога ќе закрепне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…