Дома Фудбал Премиер лигата воведува ново правило

Премиер лигата воведува ново правило

Премиер лигата воведе ново правило кое се однесува на момчињата кои ги собираат топките, пишуваат англиските медиуми.

Тие повеќе нема да смеат да им ги фрлаат топките на играчите, туку ќе мора да ги ставаат на одредени места до теренот. Оваа измена е воведена за домашните екипи да не имаат неправедна предност.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во последниве години, тренерите почнаа да им придаваат се поголемо значење на собирачите на топки, некои од нив дури лично да им даваат инструкции како да ја вршат својата работа.

Најчесто акцентот се ставаше на побрзо фрлање на топката кон играчите за да се забрза играта во обид да се изненади противникот. Исто така, собирачите на топки знаеја да прават мали опструкции кога нивниот тим ја има предноста.

Со воведувањето на оваа промена, Премиер лигата се обидува да создаде еднакви услови и за домашните и за гостинските екипи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Напаѓачот за кој Њукасл плати 75 милиони евра разочара – сега сака да го оствари својот сон!

Напаѓачот на Њукасл, Ник Волтемаде, веќе неколку месеци е незадоволен откако пристигна на …