Голгетерот на Рома, Един Џеко широко ја отвори вратата за евентуално враќање во Премиер лигата.
Босанецот остави голема трага во историјата на Манчестер Сити со освоени две титули во Англија, а притоа постигна 72 гола во 189 натпревари за „граѓаните“, а вчера изјави дека посакува повторно да се врати на Островот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес пак англиските медиуми пренесуваат дека три клуба од Премиер лигата ќе водат битка за 32-годишниот Босанец во зимскиот преоден рок.
Како што објавува „Мирор“, Саутемптон, Кристал Палас и Ватфорд сериозно се заинтересирани за неговиот потпис.
Џеко има договор со Рома до јуни 2020 година, па сигурно нема да им биде лесно на ја убедат „волчицата“ да го пушти најдобриот голгетер.