Дома Фудбал Останато Пред 19 години: Слободен удар на 30 метри за Бекам во 93. минута…Останатото е историја ?

Пред 19 години: Слободен удар на 30 метри за Бекам во 93. минута…Останатото е историја ?

Пред точно 19 години Дејвид Бекам го постигна можеби најважниот гол во неговата кариера, секако стануваше збор за гол од слободен удар.

Англија на „Олд Трафорд“ играше со Грција во последното коло од квалификациите за Светското првенство. Пред натпреварот Англија и Германија беа изедначени на табелата со тоа што Англичаните имаа подобар меѓусебен дуел и беа во предност. Се што требаше е да се победи Грција дома.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, работите против Грција не се одвиваа според планот. Харистеас ја доведе Грција во водство кон средината на второто полувреме, а Шерингам изедначи само седум минути подоцна. Меѓутоа една минута подоцна Николаидис го врати водството на Грција и Англија се најде во голем проблем. Германија во ист момент имаше 0:0 против Финска и со тој резултат тие одеа директно на СП. На Англичаните им требаше чудо и го добија во 93. минута.

Досуден беше слободен удар на околу 30 метри од голот. Топката ја зема Бекам останатото е историја…Англичаните освоија бод и се пласираа директно на СП на кое стигнаа до четвртфиналето каде што ги елиминираше Бразил со оној познат гол на Роналдињо скоро од центарот на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…