Дома Фудбал Англија Пред Ливерпул, Шаќири требало да потпише за друг клуб!?

Пред Ливерпул, Шаќири требало да потпише за друг клуб!?

Швајцарскиот репрезентативец со потекло од Косово, Џердан Шаќири беше јунак во победата на Ливерпул над Манчестер Јунајтед со 3:1.

Шаќири во игра влезе во 70. минута и за десетина минути постигна два гола за голем триумф на Црвените и враќање на лидерската позиција во ПЛ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По тој повод британските медиуми потсетија на летните случувања во трансфер периодот, кога Шаќири после СП во Русија одлучи да го напушти Стоук, кој испадна во Чемпионшип.

Малку е познато дека овој 27-годишен играч беше на пат да потпише за Манчестер Јунајтед, но Жозе Мурињо во последен момент ја стопирал работата.

Португалецот разговарал со своите фудбалери на тема доаѓање на Шаќири и се усогласиле дека тоа е добар потег, но на крајот проценил дека за Швајцарецот е премногу да се плати 15 милиони евра.

Шаќири во договорот со Стоук имал клазула дека може да замине од клубот за 15 милиони евра во случај клубот да испадне од ПЛ, а Јунајтед не ја искористил приликата за релативно малку пари да донесе проверен фудбалер.

Затоа Џердан го договори Ливерпул, кој со доаѓањето за истите пари веќе се исплати. Шаќири во ПЛ настапи на 13 натпревари, најчесто како резерва, а постигна пет погодоци и две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…