Eкипата на Реџина е блиску до доведување на францускиот фудбалер Адил Рами.
Искусниот француски фудбалер во претходните неколку месеци беше член на руски Сочи, но го напушти овој тим без ниту еден одигра натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Светскиот шампион од 2018 година сепак нема долго време да биде без нов клуб. Тој се договорил со екипата на Реџина и ќе се обиде на овој тим да му помогне во борбата за пласман во италијанската Серија А.
Нема да биде Рами единственото големо име кое ќе игра за Реџина. Тука од поодамна е поранешната голема надеж на Милан, Хашим Мастур, а клубот ги ангажираше Жереми Менез и Кајл Лаферти.
Рами сигурно ќе биде големо дефанзивно засилување за Реџина која гради сосема респектабилен тим.