Дома Фудбал Пред да ја добие „десетката“ Фати побарал дозвола од капитените во Барселона

Пред да ја добие „десетката“ Фати побарал дозвола од капитените во Барселона

Во новата натпреварувачка сезона во Барселона „десетката“ ќе биде на грбот на младиот Ансу Фати.

Долго време овој број во Барселона беше во сопственост на Лионел Меси, но Аргентинецот си замина од „Камп Ноу“ ова лето и потпиша за ПСЖ.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Така „десетката“ остана без сопственик, се споменуваше дека може да ја добие Агуеро, но на крајот ќе ја носи Фати. Пред да го добие дресот со големо значење во Барселона Фати побарал дозвола од капитените, Бускетс, Алба, Пике и Роберто.

„Toa беше храбар потег од негова страна. Пред да го направи тоа побара дозвола од капитените. Бројката има навистина голема тежина и никој не сакаше да ја земе, но Фати имаше храброст“, изјави првиот човек на клубот Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крос соработуваше со Зидан и Анчелоти, јасно кажа кој од двајцата за него е подобар

Тони Крос за време на својот престој во Реал Мадрид освои речиси сè што можеше и имаше изв…