Менаџерот на Челзи, Антонио Конте има реална можност во јануари да го засили својот тим со голгетерот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг.
Според „Мирор“ раководството на Борусија Дортмунд веќе го загубило трпението со Обамејанг и е спремно да го продаде во зимскиот преоден рок, а Челзи е во пол позиција за неговиот потпис.
Обамејанг сакаше да ја промени средината уште во летниот преоден рок, но тогаш Бирусија одлучи да го задржи. Сепак, Габонецот оваа сезона јавно го искажува своето незадоволство и наводно влегол во расправија со раководството.
Англисите медиуми тврдат дека агентот на напаѓачот веќе стапил во контакт со Челзи и започнал преговори, па постои реална можност трансферот да се реализира во јануари.