Претставници на Атлетико Мадрид имале средба со агентот на напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани, пренесува „Мундо Депортиво“.
Уругваецот е голема желба на „јорганџиите“ кои веќе почнале преговори за негов евентуален трансфер во Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Весникот тврди дека Кавани е еден од главните кандидати за заменик на Антоан Гризман кој може да го напушти Атлетико Мадрид ова лето.
Кавани наводно имал долг телефонски разговор со Диего Симеоне и дал зелено светло за трансферот бидејќи сака да игра во Мадрид заедно со своите сонардници Диего Годин и Хосе Марија Хименес.
Уругваецот има договор со ПСЖ до 2020 година, па „светците“ сигурно ќе го имаат последниот збор и доколку не донесат адекватна замена, сигурно нема да му дозволат да замине.
All of Cavani's Ligue 1 goals from last season? Don't mind if we do! ? pic.twitter.com/z3bhijd012
— Goal (@goal) June 2, 2018