Дома Топ вести Превирања во соблекувалната на Реал – причината е Мбапе!

Превирања во соблекувалната на Реал – причината е Мбапе!

Реал Мадрид ја комплетира една од најуспешните сезони во историјата на клубот. Освоија двојна круна, односно титулата шампион на Шпанија и ЛШ, и влегоа во историјата на ова натпреварување.

Додека играчите уживаат на заслужениот одмор, управата на Реал не мирува. Изминативе неколку месеци читаме за најпосакуваниот играч ова лето, односно преминувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Неговата иднина се уште е неизвесна, поради тоа што Монако сака да го задржи, а Реал силно сака да го купи. Доколку трансферот се реализира, Мбапе најверојатно ќе стане најскапиот играч во светот, со оглед на тоа што Кнежевите не сакаат да го пуштат за сума помала од 135 милиони евра.

„Diario Gol“ пишува дека Флорентино Перез е опседнат со младата ѕвезда на Монако, а таа опсесија може да создаде огромни проблеми во Реал, односно во соблекувалната на тимот.

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос изјави дека претседателот да размисли за други опции. Особено затоа што ќе мора да го жртвува Хамес Родригез и Герет Бејл, само за Мбапе да пристигне на „Сантиаго Бернабеу“.

Извори блиски до клубот за споменатите шпански медиуми напишаа дека ниту Крос, ниту Модриќ не се пресреќни што толку внимание се посветува на Мбапе.

Рамос смета дека за Реал многу подобра опција би бил Обамејанг, кој од неодамна и е фудбалер на ПСЖ, а доколку не можат да го добијат него, Диабала е доста безболна опција.

Напишавме дека трансферот би чинел 135 милиони евра. Клучните играчи на Реал сметаат дека Мбапе е навистина добар играч, но дека е премногу млад за да стане прва ѕвезда на тимот, со оглед на тоа дека за тоа би бил платен.

Со други зборови, Мбапе во Реал би значел и потенцијална „бомба“ во соблекувалната, која може да експлодира, а со тоа да направи дисбаланс во екипата која тешко може да се балансира потоа.

Минираната соблекувална, во колегијална смисла е последно што им треба на екипата која освои два големи трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мбапе за дербито со Атлетико нема да биде ниту на трибини

Реал Мадрид ќе биде без Килијан Мбапе во вечерашното дерби, а Французинот нема да биде нит…