Дома Останати Кошарка Прво изненадување на Евробаскетот: Французите шокирани од домаќините

Прво изненадување на Евробаскетот: Французите шокирани од домаќините

Французите одиграа катастрофален натпревар на стартот на Евробаскетот и беа поразени од домаќинот Германија со 76:63.

Германците го направија првото големо изненадување на шампионатот, надиграна е Франција која според многумина кошаркарски експерти важи за еден од фаворитите за трофејот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Трпеливо Германија ја градеше играта од самиот старт. Не ги губеа нервите во воведните минути кога тешко погодуваа. Меѓутоа и Французите не беа ништо подобри. Во првата четвртина беа запрени на само 13 поени, а за нијанса беа подобри во вториот уфрлија 18 поени, а потоа во третата постигнаа само 12.

Беше тоа период кога Германија изгледаше како НБА екипа. Имаа брзи контри, атрактивни асистенции и сигурна реализација. Во последната четвртина Франција се обиде да направи нешто, но не успеаа. Едноставно Германија имаше повеќе енергија и паметно играше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ВИДЕО Дончиќ го победи Далас. Вака пристигна во арената

ЛУКА ДОНЧИЌ (26) вчера за првпат играше во Далас против Маверикс, клубот во кој се прослав…