Дома Македонски спорт Мак фудбал Прво засилување за Работнички – потпишаа со голманот од „златната генерација“ на У21

Прво засилување за Работнички – потпишаа со голманот од „златната генерација“ на У21

Голманот Игор Алексовски е ново засилување за Работнички. Членот на „златната генерација“ млади македонски фудбалери до 21 година која учествуваше на Европското првенство во Полска, потпиша едногодишен договор со „романтичарите“ и во претстојната сезона ќе го чува голот на Работнички.

Алексовски доаѓа од редовите на Ренова, а претходно во кариерата настапуваше и за Македонија ЃП, Вардар и за Шкупи.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


„Работнички е еден од најреномираните клубови во Македонија и ќе ми биде чест да го носам дресот на овој клуб. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона“, вели Игор Алексовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барди носи израмнување за Македонија во Торшван 🎥

На стартот од второто полувреме, Македонија стигна до израмнување против Фарски Острови. К…