Дома Македонски спорт Мак фудбал Прво заминување по оставката на Седлоски: Каланоски после само два месеци го напушти Шкупи

Прво заминување по оставката на Седлоски: Каланоски после само два месеци го напушти Шкупи

Шампионот Шкупи го раскина договорот со напаѓачот Антонио Каланоски.

Искусниот напаѓач после само два месеци поминати на Чаир ќе си бара нов клуб. Веста за раскинувањето на договорот ја потврди тимот преку социјалните мрежи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Како што објавија чаирчани до раскинување на соработката дошло после договор од двете страни.

Ова е првото заминување од таборот на Шкупи откако Гоце Седлоски ја напушти клупата на шампионите. Преодниот рок во Македонија е отворен од 6. септември па ќе видиме дали ќе има нови промени.

Во Шкупи Каланоски дојде од редовите на кратовски Силекс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…