Милан вчера и официјално се врати во европските натпреварувања, а денес во Милано пристигна првото засилување на „росонерите“ за следната сезона.
Станува збор за дефанзивецот на Виљареал, Матео Мусакио кој утрово пристигна во Милано на медицински прегледи, па се очекува утре и официјално да стави потпис на четиригодишен договор.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Милан за аргентинскиот дефанзивец ќе плати 18 милиони евра и тоа е само првото од серијата засилувања кои ги најавија новите сопственици.
