Кошаркарите на Франција после голема драма се пласираа во четвртфиналето на Евробаскетот откако ја победија Турција со резултат 87:86.




Првата четвртина помина во знакот на Французите. Турците на почетокот заостануваа, а слично беше и во втората четвртина, се до пред крајот на првото полувреме.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Тогаш Франција ја зголеми предноста. Имаа плус 16, но Турција сепак успеа да го намали заостанувањето и да се врати во игра. На полувремето бееш 43:35 за Франција. Имаше Франција двоцифрена преднсот на почетокот на третата четвртина, меѓутоа тогаш Турција направи целосен пресврт и поведе со осум разлика (57:49).




Во последната четвртина резултатот беше тесен. Турција имаше +4, меѓутоа се заврши со 77:77. Французите во продолжението успеаа да ја добијат драмата во своја корист.




Руди Гоберт беше главен играч на Франција со 20 поени и 17 скокови, додека Хеуртел со Фурние додадоа по 13. Кај Турција Тунчер уфрли 22 поени, а Коркмаз 18. Двоцифрен број на поени постигнаа уште Санли (12) и Осман (11).