Дома Фудбал Останато Првиот клуб кој има играч во секоја група на Мундијалот – Барселона!

Првиот клуб кој има играч во секоја група на Мундијалот – Барселона!

За десетина дена започнува Светското првенство во Русија. Списоците со играчи на сите репрезентации се веќе објавени и можете да ги погледнете ТУКА.

Собирот на најдобрите светски селекции воедно е и собир (поголем дел) на најквалитетните фудбалери на планетата, а интересно што Барселона е единствениот клуб кој ќе има свој играч во секоја од осумте групи на Мундијалот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Каталонскиот гигант е првиот клуб на кого му успеало вакво нешто, а овој интересен податок само покажува колкав квалитет поседува Барселона во својот тим.

Во групата А во дресот на Уругвај ќе настапи Луис Суарез, во групата Б тука ќе биде Шпанија со Пике, Бускетс и Алба. За Франција која се натпреварува во групата Ц ќе настапат Умтити и Осман Дембеле, додека во групата Д ќе се сретат Меси со својата Аргентина и Ракитиќ со Хрватска.

Во дресот на Бразил во групата Е ќе настапат Кутињо и Паулињо, додека во групата Ф се најде голманот Тер Штеген. Во групата Г ќе ги видиме Вермален за Белгија, додека во групата Х боите на Колумбија ќе ги брани Јери Мина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлет…