Откако вчера Милан ја започна новата ера во сопственост на „Елиот“, клубот веќе почна да работи на трансферите.
„Газета дело Спорт“ пренесе дека за нов спортски директор ќе биде назначан Леонардо, кој ќе добие буџет од 150 милиони евра за засилувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Главната цел на Милан е доведување на едне врвен напаѓач, а италијанските медиуми пренесуваат дека Леонардо сака по секоја цена да го донесе Игуаин на „Сан Сиро’.
Аргентинецот е на излезна врата од Јувентус и неговата цена изнесува 60 милиони евра, а Милан е спремен да ги продаде Калиниќ и Андре Силва за да финансира дел од трансферот.
Леонардо веќе стапил во контакт со неговиот брат и агент и Игуаин наводно е заинтересиран за преселба во Милано, но проблем за „росонерите“ може да биде конкуренцијата.
Имено, Челзи исто така е силно заинтересиран за Аргентинецот, а Јувентус преферира да го продаде напаѓачот во Премиер лигата. Медиумите тврдат дека доколку не успеат да го ангажираат Игуаин, тогаш „росонерите“ ќе се насочат кон Алваро Мората.
#premiumsport#Milan, #Leonardo vuole #Higuain a tutti i costi ⚽️https://t.co/Pp4w1cbCgc
— PremiumSportHD (@PremiumSportHD) July 22, 2018