На Игуаин нема да му биде доволен прадедото за да може да заигра за Атлетик Билбао.
Аргентинецот сепак ги нема сите потребни „документи“ да заигра за Баскијците.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како права бомба одекна дека Гонзало Игуаин може да заврши во Атлетик Билбао поради неговиот прадедо кој има потекло од Баскија.
Директорот на баскијскиот клуб, Рафа Алкорт објасни дека не постои можност Аргентинецот да заигра на „Сан Мамеш“.
„За играчот да заигра за нас мора да биде роден во Баскија или да растел тука и да ја поминал нашата академија. Ако некој не ги исполнува тие услови нема шанси да заигра. Не знам дали можат тие правила да се променат, но за сега се такви какви што се“, изјави Алкорта.
Ќе потсетиме договорот на Игуаин со Јувентус му истекува на 30. јуни и ќе биде слободен да ја избере новата средина.