Дома Фудбал Останато Потег за почит: Судијата досуди непостоечки пенал, а тој промаши – намерно!

Потег за почит: Судијата досуди непостоечки пенал, а тој промаши – намерно!

„Потегот на 18 годишник ја враќа вербата во фудбалот“, така гласат насловите во хрватските медиуми по несекојдневната ситуација во јуниорската лига во оваа земја.

Се играше дерби натпреварот помеѓу Младост и Јадран.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во центарот на вниманието на двата јуниорски клуба беше судијата кој во 20 минут досуди пенал за Младост иако беше очигледно дека голманот на Јадран не го фаулираше противничкиот играч.

Топката ја превзема 18 годишниот Петар Метер и ја воодушеви фудбалската јавност. Место да се потруди да ја затресе мрежата, тој намерно ја испрати над голот.

Така тој стана херој на една од ретките приказни за чесност и херојство во современиот фудбал.

„Очигледно е дека се работеше за ненамерна грешка. Иако резултатот беше 0:0, сметав дека беше убаво од мене и мојата екипа да не го искористиме тој удар од 11 метри“, го објасни својот потег Метер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…