Дома Останати Кошарка Потврдено: Синовец се врати во МЗТ!

Потврдено: Синовец се врати во МЗТ!

Српскиот бек Стефан Синовец се врати во екипата на МЗТ Скопје со која потпиша договор до крајот на сезоната.

Лошиот старт во новата сезона, три порази во исто толку натпревари и повредите на Лалиќ и Дреновац, го натераа раководството на МЗТ да го ангажира искусниот кошаркар.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Стефан Синовец добро ја познава средината во која доаѓа, тој во два пати беше играч на МЗТ, во сезоната 2013/2014, а потоа по кусиот престој во Солнок во 2014, се врати во тимот и ја одигра до крај сезоната 2014/2015.

Синовец кој е висок 195 сантиметри е бек шутер, но може да игра и како ниско-крило, позиција која е дефицитарна кај МЗТ по повредата на Дреновац.

Дебито на Синовец во МЗТ ќе биде на натпреварот против Цибона кој ќе се одигра в недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ е новиот газда на Лејкерс: Леброн не бил информиран за најважната одлука

Инсајдерите Брајан Виндхорст и Рамона Шелбурн на ЕСПН објавија голем текст под наслов R…