Фудбалерите на Рома утре на домашен терен играат натпревар против Челзи во рамките од групната фаза во Лигата на шампионите.
Рома во рамито на „Стенфорд Бриџ“ оствари важен резултат кон целта да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Римскиот клуб го искористи кикост на Атлетико Мадрид и сега има се во своите раце.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Избраниците на Еусебио Ди Франческо веќе утре ги очекува нов натпревар во Лигата на шампионите го пречекуваат Челзи, а победа во овој натпревар би им била од огромно значење.
Но, тренерот на Рома пред утрешниот натпревар ќе има големи проблеми, посебно на бековските позиции. Повреда во последниот натпревар од италијанското првенство заработи Бруно Перес.
„Перес заработи полесна повреда во натпреварот против Болоња и нема да биде спремен за натпреварот од Лигата на шампионите. Сепак, ако процесот на опоравување се одвива според планот, тој би требало да се врати на терените за десетина дена“, порачаа од Рома.