Самиот Клоп го потврди она за што се шпекулираше пред неколку сезони…
Германецот, Јирген Клоп одбил понуда од еден англиски гигант пред да се пресели во Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сето тоа се случувало во 2015 година.
„Точно е, одбив понуда од еден историски голем клуб во Премиер лигата. Причината поради која што ги одбив е тоа што не ми се допадна начинот на кој размислуваат“, изјави Германецот, но не откри за кој клуб станува збор.
Доколку ја анализираме ситуацијата од пред две сезони, изгледа дека во прашање бил Манчестер Јунајтед Кој се мачеше со Луис Ван Гал. Мурињо беше во Челзи и беше на чекор од отказ, но Челзи историски гледано не е голем клуб.
Арсенал исто така сигурно не бил опција, па останува само Јунајтед.
„Кога ме повика Ливерпул, тоа беше целосно поинаку, веднаш знаев дека тоа е вистинската работа“, додаде Германецот.
Интересно е дека според тврдењата на неговите пријатели тој сонувал да ги тренира „црвените ѓаволи“, тоа била неговата цел, но изгледа на Клоп не му се допаднала атмосферата на клубот пред неколку сезони.
„Не се каам, одлично се чуствувам во Ливерпул, сопствениците се задоволни, како и навивачите. Наскоро ќе се радуваме и на титули“, изјави Клоп кој сеуште не освоил ниту една титула со Ливерпул, иако играше неколку финалиња.