Играчот за врска на Челзи, Маркос Алонсо се наоѓа пред потпис со новиот клуб.
Според информациите на шпанските медиуми Алонсо кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лампард не смета повеќе на искусниот Шпанец и изгледа дека „јорганџиите“ постигнале договор тој да се пресели во Мадрид.
Атлетико сака да го доведе Алонсо на позајмица до крајот на сезоната и да покрива 50% од неговата плата, додека остатокот ќе биде овбрска на Челзи.
Инаку, овој 29 годишен фудбалер ја помина младинската школа на Реал и од договорот со Челзи му остануваат уште три години.