Дома Фудбал Италија Постигнат договор: Наинголан во Интер за 29 мил. евра + младата ѕвезда

Постигнат договор: Наинголан во Интер за 29 мил. евра + младата ѕвезда

Како што објавија неколку медиуми од Италија, Раџа Наинголан е дефинитивно нов играч на Интер.

Фудбалерот кој не се најде на списокот на белгијскиот селектор Роберто Мартинез за СП ќе го засили Интер. Според Тутоспорт преговорите помеѓу Интер и Рома се финализирани и договорот ќе биде потпишан на 1. јули.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Рома ќе биде обештетена со 29 милиони евра и талентираниот играч Никола Заниола. Се работи за 19. годишен играч кој со Интер го освои Скудето во Примавера. Оваа сезона за младиот тим на Интер во 34 натпревари постигна 14 голови и запиша 10 асистенции.

Наинголан едвај чека да премине во тимот кој конечно избори пласман во ЛШ и кај поранешниот тренер Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…