Тимот на Портланд изминатата ноќ направи „брејк“ и славеше против Денвер со 90:97, така тие го изедначија резултатот во полуфиналната серија на 1:1.
Во Портланд знаеа да ја искористат лошата шутерска вечер на домаќините. Без премногу осцилации во играта тие во еден момент имаа и 17 поени предност. Денвер сепак успеа да се врати и да стигне на пет поени заостанување на 35 секунди пред крајот. Тогаш Никола Јокиќ имаше обид за три поени, а кога го промаши стана јасно дека Портланд ќе ја однесе победата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Јокиќ во овој натпревар имше учинок од 16 поени, 14 скока и 7 асистенции, дабл-дабл запиша Пол Милисап со 14 поени и 11 скокови, Џамал Мареј додаде 15 поени.
Кај Портланд најефикасен беше Меколум со 20 поени, по 15 постигнаа Родни Худ и Енес Кантер.
https://youtu.be/lfF3Rv4NIzo