Судот во Минхен вечерва го осуди германскиот фудбалер Жером Боатенг и тој ќе треба да плати 1,2 милиони евра поради нападот врз неговата поранешна девојка и мајката на неговите две деца.
Дефанзивецот на Лион минатата година првостепено беше казнет со 1,8 милиони евра, а судот во жалбената постапка ја намали таа казна, но пресуди и дека е виновен за напад.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Обвинителството побара условна затворска казна од 18 месеци за 34-годишниот поранешен германски репрезентативец, со кој го освои Светското првенство во 2014 година.
Боатенг ги негираше обвиненијата за време на жалбената постапка. Според неговата поранешна девојка, Боатенг ја нападнал додека биле на одмор на Карибите во 2018 година, откако репрезентацијата на Германија била елиминирана во групната фаза на Светското првенство.
Таа за време на судењето изјави и дека поранешниот играч на Баерн фрлал кон неа разни предмети, и ги ставал прстите во очи, ја гризнал и ја влечел за коса. Во жалбената постапка сведочеше нејзина пријателка и го потврди насилството.