Mакедонскиот поранешен репрезентативец Горан Попов имаше завидна интернационална кариера од кога сега се потсети на интересна средба со Френк Лампард.
Најдобрите денови од кариерата Попов ги помина во Украина и затоа е многу почитуван, а сега имаше интервју за познатата телевизија „Спорт Арена“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Попов откри дека имал интересна средба со Лампард додека бил во Милано за да биде дел од прошталниот натпревар на Пирло.
„Добив пет слободни дена и со мојата сопруга и детето отидовме во Милано. Влеговме во една продавница и таму видов познато лице. Лампард беше со капче на глава. Му пријдов и му реков „здраво“ се претставив. Прво не ме позна, потоа му кажав дека играв за ВБА и дека сум репрезентативец на Македонија. Тогаш му одговри: Ти си оној кој го плукна Вокер? Разговаравме две три минути и направивме фотографија“, со насмевка раскажа Попов.