Легендарниот НБА стратег Грег Попович не можеше да не го пофали Лука Дончиќ.
Неговиот Сан Антонио беше поразен од Далас со 104:99, иако на почетокот на мечот имаа 20 поени разлика. Лука Дончиќ беше маестрален и постигна 25 поени, 10 од нив беа во последната четвртина кога се одлучуваше натпреварот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Имаше некои важни потези со кои ги запре Спарси, а на крајот доби и честитки од Попович кој ја спомна и поранешната Југославија.
Lazar Keskinov



„Замислете да постоеше Југославија и сите овие момци да беа во ист тим. Тоа би било навистина возбудливо – Словенци, Хрвати, Срби…Дончиќ ме потсети на тоа – секој нов играч кој ќе се појави во овој регион е одличен. Се сеќавам на времињата на Дивац, Паспаљ, Кукоч и Петровиќ. Сите тие момци играа во исто време и беа одлични“, зборуваше Попович после мечот.
What are Gregg Popovich and Luka Doncic talking about? 💭👇
— BasketNews.com (@BasketNews_com) October 29, 2021
🎥 @dallasmavs pic.twitter.com/YFEDGLlgAY