Дома Фудбал Англија Понудата е спремна, Јунајтед тргнува по Сергеј Милинковиќ-Савиќ

Понудата е спремна, Јунајтед тргнува по Сергеј Милинковиќ-Савиќ

0

Манчестер Јунајтед спремил понуда за играчот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Како што пренесува Скај Спорт, тимот од Олд Трафорд е спремен да уплати 72 милиони евра на римскиот клуб за репрезентативецот на Србија, но тоа можеби нема да биде доволно.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито во неколку наврати истакна дека за услугите на 24-годишниот играч бара минимум 100 милиони евра, а ниту Сергеј не брза со заминување.

Навистина, тој сака да ја промени средината, но не сака премногу да брза и е спремен да остане во Рим уште една сезона.

СМС е долгогодишна желба на Црвените ѓаволи. Посебен интерес за него беше активен во ерата на Мурињо, но до договор никогаш не дојде.

Милинковиќ-Савиќ веќе пет години е играч на Лацио. За клубот одигра 138 натпревари и постигна 31 погодок.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нејмар се враќа во тимот – ќе патува со ПСЖ на турнеја во Кина

Бразилската суперѕвезда Нејмар, ќе патува со Пари Сент Жермен на предсезонската турнеја во…