Вчера и официјално започна зимскиот преоден рок, а клубовите ширум Европа веќе потрошиле над 250. милиони евра.
Не очекува уште еден возбудлив јануари во кој веќе се остварени неколку големи трансфери. Некои беа договорени уште од порано, но се официјализирани вчера кога и официјално започна преодниот рок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рекордниот трансфер го направи Ливерпул, кој конечно успеа во своите редови да го донесе Вирџил Ван Дијк, за кој платија скоро 80. милиони евра. Добри вести се дека после пола година на теренот ќе се врати и Диего Коста кој официјално стана нов играч на Атлетико Мадрид.
Овој напаѓач одлучи да го напушти Челси, кој прифати да не игра дури шест месеци бидејќи Атлетико неможеше да регистрира нови играчи. Атлетико за Коста издвои околу 60 милиони евра.
Во првиот ден од трансфер рокот својата работа ја заврши и Баерн кој од Хофенхајм го донесе напаѓачот Сандро Вагнер за 13 милиони евра.
Исто така, вчера беа реализирани трансферите и на: Ромеро во ПСЖ за 10 мил. евра, Валтер Монтоја од Севиља во Крул Азул за 5.5 мил., Карлос Вела од ЛА Галакси во Реал Сосиедад за 5 милиони евра, Марио Гомез од Волфсбург во Штутгард за три милиони евра.