Дома Останати Тенис Полуфиналистката на Вимблдон со потресна исповед: Татко ми претепа, спиев надвор, ме најдоа чистачките утрото

Полуфиналистката на Вимблдон со потресна исповед: Татко ми претепа, спиев надвор, ме најдоа чистачките утрото

Јелена Докиќ, пензионирана тенисерка, родена 1983 година во Осиек и поранешна репрезентативка на Фед купот на Србија и Австралија, со години се бори со депресијата за која често пишува на социјалните мрежи. Таа го користи и Инстаграм за мачни сведоштва од времето како професионална тенисерка.

Ќерка на татко Србин и мајка Хрватка, во кариерата играше за татковината и Австралија, некогаш беше одлична тенисерка која освои шест титули, а во 2002 година беше четврта тенисерка во светот. 40-годишната е попозната по траумите од животот со нејзиниот татко Дамир, кој ја тепал и малтретирал, за што пишувала во својата автобиографија.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Гостувајќи во подкаст, Докиќ раскажала потресна приказна за она што го доживеала по поразот во полуфиналето на „Вимблдон“ во 2000 година. Таа рече дека нејзиниот татко Дамир не ѝ дозволил да се врати во хотелот.

Кога почнав да играм тенис и кога го удрив првото топче, татко ми ме претепа. Полуфиналистка сум на „Вимблдон“, седам во солзи среде просторијата за играчите, разговарам на телефон со татко ми, кој ми кажа дека сум срам за него и за семејството затоа што загубив во полуфиналето на „Вимблдон“ – вели изјави Докиќ која тогаш имаше 17 години.

Не ме пушти да се вратам во хотелот, туку ми рече да правам што сакам, да спијам на улица, бидејќи не се враќам. Останав во просториите на Вимблдон, чекав сите да си заминат, се скрив во еден агол од собата на играчите за да преноќам таму. Ме најдоа среде ноќ бидејќи чистачките ја чистеа собата доцна во ноќта – се зборовите на Докиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…