Вардар денес после 30 дена игра еден натпревар и на црвено-црните одлично им оди после првото полувреме.
На самиот старт Флензбург отвори со 0:2, но потоа следуваше серија на Вардар од четири гола за водство од 4:2. По тој период следуваше игра гол за гол за момците на Алушовски да дојдат и до највисоки плус +3 (8:5). По тоа водство на Вардар германскиот тим почна да игра нешто подобро, а до првото изедначување по негативата Флензбург стигна на 11:11 во 20. минута од натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа Вардар со два брзи гола преку Талески и Јотиќ се врати на +2 (13:11). По периодот без гол од две минути Талески го постигна својот втор гол за нови +3. Во овој период одличе на голот беше и младиот Марко Кизиќ кој одбрани зицер, а Вардар преку Валчак стигна до највисоките до тој момент +4 (15:11).
Се чувствуваше грч кај гостите Георгиевски се обиде од својата половина на празен гол, но ја погоди само стативата. По тоа промашување на Георгиевски Флензбург постигна гол после пауза од неколку минтуи, меѓутоа Вардар веќе во следниот напад имаше нови +4 (16:12).
Во последните секунди од полувремето Флензбург искористи две грешки на Вардар и на брзина намали на 17:15, резултат со кој се замина на пауза.