Дома Фудбал Италија Полицијата упадна во Лацио, клубот фалсификувал Ковид-тестови!?

Полицијата упадна во Лацио, клубот фалсификувал Ковид-тестови!?

Во Италија е покрената истрага против фудбалскиот клуб Лацио каде наводно ги лажирале тестовите за коронавирус.

Според италијански медиуми, доцна синоќа во клубот пристигнала полиција, а властите ја „чешлале“ и лабораторијата каде биле правени тестовите за Ковид-19 врз играчите.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Постои сомнеж дека некои тестови не се точни и дека се крши протоколот против ширењето на Ковид-19, поради што е почната истрагата.

Лацио остана без клучните играчи Имобиле, Леива, Алберто, Мануел Лазари на гостувањето во Зенит, а клубот ги пријави тие играчи за мечот со Јувентус тврдејќи дека тие наоди не биле точни откако наодот бил доставен по натпреварот од клиниката во Авелино каде бил спроведен молекуларниот тест.

Лацио би можел да биде казнет со одземање на бодови, но и да биде исфрлен од Серија А поради ширење на пандемијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…